Вангеловски останува во Кривичниот совет кој ќе одлучува за притворот на Кочан
На 30-ти март Специјалното обвинителство побара негово изземање поради поврзаност со прислушуваните разговори коишто ги објави опозицијата.

Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски останува во Кривичниот совет кој ќе одлучува за притворот на бизнисменот Сеад Кочан. Ваква одлука донесе највисокиот суд во земјава на денената затворена седница.
На 30-ти март Специјалното обвинителство побара негово изземање поради поврзаност со прислушуваните разговори коишто ги објави опозицијата.
На седницата на Врховниот суд е одбиен и приговорот на судијката Лидија Неделкова која се пожали затоа што новиот претседател ја тргна од Кривичниот совет и од одлучување по предметот за Сеад Кочан, кој и беше доделен по електронска распределба на предмети.
На општата седница на највисокиот суд во земјава било одлучено и да се одбијат сите 17 приговори на судиите од Кривичниот суд кои согласно новиот годишен распоред на работа беа распоредени на други позиции.
