Груевски: Се дуплираат средствата за развој на туризмот
10.02.2014 14:08
Изминатата година забележан е пораст на странските туристи за 26%, додека на домашните за 6%.

Во Агенцијата за промоција на туризмот годинава ќе се слеат 150 милиони денари за привлекување на туристи, двојно повеќе од лани, најави денеска премиерот Никола Груевски.
Тој додаде дека изминатата година забележан е пораст на странските туристи за 26%, додека на домашните за 6%.
По подолго време распишан е и оглас за издавање под концесија на 39 ловишта низ цела Македонија. Од нив, 13 ловишта се за крупен дивеч, а останатите за ситен.
Огласот ќе трае до март годинава и по пат на електронска аукција ќе се одлучува кој ќе ја добие концесијата.
Ана Јосифоска
