Конечно ќе се гради центарот на Саем?!
Менаџментот на Скопски Саем најавува дека унгарски инвеститори ќе вложат со словенечката групација „ЕРА“ во изградбата на комерцијално деловниот комплекс. Според извршниот директор Дејан Кошути веќе бил постигнат договор со компанијата „Три Гранит“ од Унгарија, а комплексот би се изградил за две години на површина од 11 хектари. Вкупниот проект според општина Гази Баба опфаќа 23 хектари. Изградбата на центарот почна во 2008-та година.

Менаџментот на Скопски Саем најавува дека унгарски инвеститори ќе вложат со словенечката групација „ЕРА“ во изградбата на комерцијално деловниот комплекс. Според извршниот директор Дејан Кошути веќе бил постигнат договор со компанијата „Три Гранит“ од Унгарија, а комплексот би се изградил за две години на површина од 11 хектари. Вкупниот проект според општина Гази Баба опфаќа 23 хектари. Изградбата на центарот почна во 2008-та година. Тогаш беше планирана инвестиција од 150 милиони евра заедно со турска компанија, но проектот не беше реализиран најверојатно поради глобалната економска криза.
