Карл Билт во посета на Скопје
17.04.2017 13:59
Ситуацијата е тешка, наведува Билт, кој е поранешен европски пратеник на Балканот. Тој не наведува детали за посетата на Скопје и за евентуални средби.

Поранешниот шеф на шведската дипломатија Карл Билт на својот Tвитер профил објави дека денеска доаѓа во посета на Скопје.
Крајот на уставната криза во Скопје не е на повидок. Се чини дека разликите во ставовите се се подлабоки. Ситуацијата е тешка, наведува Билт, кој е поранешен европски пратеник на Балканот. Тој не наведува детали за посетата на Скопје и за евентуални средби.
Карл Билт сега е копретседавач со Европскиот совет за надворешни работи, невладина организација која се занимава со политички анализи.
