Одложена седницата на Врховниот суд

18.04.2017 09:58

На маса се известувањата за правни прашања, кој може да поднесе барање за заштита на законитоста и дали прислушуваните разговори можат да бидат употребени во судска постапка како докази, или, пак, претставуваат само индиции.

Врховниот суд на Македонија требаше да одржи седница. Оттаму велат дека седницата се одлага за некој од наредните денови.

На маса се известувањата за правни прашања, кој може да поднесе барање за заштита на законитоста и дали прислушуваните разговори можат да бидат употребени во судска постапка како докази, или, пак, претставуваат само индиции. Тие се поднесени од страна на претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски.

Минатата седница заврши без донесување заклучоци.