Лабораторија за молекуларна патологија и генска терапија
Денеска на Институтот за патологија беше промовирана лабораторија за молекуларна патологија за рано дијагностицирање...

Во лабораторијата на Институтот за патологија се испитуваат малигни тумори на тироидната и на надбубрежната жлезда. Со новата опрема ќе се бараат генетските промени за да се испитат нивните поблиски и подалечни роднини за кај нив да се превенира развојот на таков тумор. А и кај оние кај кои веќе се развил малигниот тумор,ќе се знае која терапија е најсоодветна.
„Работејќи ја апликативната дејност, ние развиваме и научноистражувачка работа,затоа што во таква обемна работа секако ќе се случи да откриеме нешто ново, да предложиме нешто ново, како во анализата на промените на гените така и евентуално за понатамошна генска терапија на овие пациенти“.изјави Весна Јаневска, раководител на лабораторијата за милекуларна патологија
Во моментов во оваа лабораторија се прават испитувања на 40 примероци.
„ Ова е една од поискористените лаборатории, таа е веќе и во фаза на акредитација, наскоро ќе биде акредитирана, меѓутоа додека трае акредитацијата, таа е максимално искористена од тимот лекари и професори кои што работат на Институтот за патологија“. Изјави Никола Груевски, претседател на Владата на Република Македонија
Во иднина ќе се користи и за испитување на рак на дојка, на јајчници и за други тумори или потенцијални генетски предиспонирани пациенти. Лабораторијата е дел од проектот на Владата за набавка на поголемаопрема за медицински и образовни цели. Чини околу 300.000 евра.
Ана Јосифоска
