Билт во посета на Македонија
Тој најави средби со политичките лидери, за да препорача начини за излез од политичката криза. Од Кабинетот на претседателот Иванов официјално велат дека во агендата на шефот на државата не е предвидена средба со шведскиот дипломат.

Поранешниот шеф на шведската дипломатија Карл Билт на социјалните мрежи ја најави својата денешна посета на земјава. Според Билт, крајот на уставната криза не е на повидок. Ситуацијата е тешка, наведува Билт, поранешен европски пратеник за Балканот.
Тој најави средби со политичките лидери, за да препорача начини за излез од политичката криза. Од Кабинетот на претседателот Иванов официјално велат дека во агендата на шефот на државата не е предвидена средба со шведскиот дипломат.
Најава за средба нема ниту од Министерството за надворешни работи.
По Скопје, негова следна дестинација е Белград, каде што продолжуваат протестите против изборот на Вучиќ за претседател на Србија.
