Продолжуваат протестните маршеви низ Македонија
Низ повеќе градови во земјава се бара зачувување на уставниот унитарен карактер на државата. Протестите вообичаено почнуваат во 17 часот секој ден, освен сабота и недела кога се одржуваат одредени перформанси.

Речиси два месеца траат протестните маршеви на иницијативата „За заедничка Македонија“. Низ повеќе градови во земјава се бара зачувување на уставниот унитарен карактер на државата. Протестите вообичаено почнуваат во 17 часот секој ден, освен сабота и недела кога се одржуваат одредени перформанси.
Да се отфрли платформата од Тирана и да се спречат уценувањата од соседна држава- бараат од граѓанската иницијатива „За заедничка Македноија“. Велат дека ќе се борат да ја зачуваат нашата држава, но и порачуваат- сплотени заедно продолжуваат да се борат да го зачуваат нашиот идентитет, кој го спојува минатото и сегашноста и е основа за нашата иднина.
Единствени се во заложбите дека не смее да се состави влада која е базирана врз елементите на Тиранската платформа. Излез од сегашната криза гледаат во брзи парламентарни избори и одржување на попис на населението.
