Манастирите и лековитите води магнет за верниците

18.04.2017 10:51

Верниците побараа мир и спокој во божјите храмови. Поклон и свеќа пред иконите, желба за здравје на целото семејство. На вториот ден од Велигден, Македонската телевизија направи репортажа од манастирите во Говрлево.

Комплексот од девет манастири изградени уште од десетиот век во скопското село Говрлево го пленат здивот. Вратите се ширум отворени за верниците кои сакаат да се помолат и да побараат мир. Свети Трифун, Свети Петар и Павле, Света Недела слават на денот кога местото е преполно со народ. На ова место имало уште два манастири, но се уште не се откриени темелите разрушени уште за Османлиското владеење.

За мно­гу­ми­на, Го­вр­ле­во е рас­ад­ник на ми­сте­рии и на чу­да и нај­го­лем поз­нат из­вор на ле­ко­ви­ти во­ди во зем­ја­ва. Во манастирот Свети Кузман и Дамјан луѓето доаѓаат да наполнат од светата вода.

Цен­та­рот на европ­ска­та ци­ви­ли­за­ци­ја, кро­тко­то и ти­вко Го­вр­ле­во, се­ло­то бо­га­то со истори­ја иако на­пу­ште­но уште во ми­на­ти­от век, последниве години се повеќе станува атрактивно. Многуте манастири и цркви се магнет за верниците. На само километар длабоко во дабовата шума се наоѓа и манастирот Свети Илија. Слави на 2-ри август, на верниците им се дели гравче. Има повеќе од 5.000.

Во манастирот и на вториот ден Велигден трпезата беше полна се наздрави за здравје и среќа.

Не­поз­на­то­то пис­мо слич­но на гла­го­ли­ца­та, кое сѐ уште не е де­ши­фри­ра­но и при­каз­на­та за из­ле­ку­ва­ње­то на рим­ски­от им­пе­ра­тор Ју­сти­ни­јан Пр­ви се дел од се уште неоткриената ризница на ова скопско село.

 

Дијана Ценевска