На „Ало докторе“ 1.375 повици за една недела
За медицински совет достапни се 25 доктори за јавувањата од граѓани од сите градови на Македонија.

На телефонската линија „Ало докторе“ минатата недела медицински совет побарале 1.375 граѓани. Од 15-ти септември 2014-та година, од кога започна со работа линијата, до вчера имало вкупно 149.692 повици.
Линијата е достапна секој ден, 24 часа, со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето. За медицински совет достапни се 25 доктори за јавувањата од граѓани од сите градови на Македонија.
Јавувањата најчесто се за совети поврзани со променливото време, хронични заболувања, респираторни симптоми, кардиоваскуларни, главоболки, покачена телесна температура, сезонски настинки и симптомна болка.
