Рекорден извоз на вино
Според Стопанската комора биле извезени вкупно 88.549 тони вино од кое поголем дел било наливно, иако од година в година континуирано расте извозот на вино во шишиња.

Лани од извоз на вино Македонија инкасира речиси 67 милиони американски долари.
Според Стопанската комора биле извезени вкупно 88.549 тони вино од кое поголем дел било наливно, иако од година в година континуирано расте извозот на вино во шишиња. Покрај традиционалните пазари, Германија, Чешка, Словенија, Србија, Бугарија, минатата година македонското вино почна посериозно да се продава и во Велика Британија и во Данска.
Се зацврстуваат позициите на американскиот пазар, а се очекува посериозен пробив на кинескиот, кој има најголем потенцијал за раст.
Според експертите, тој е поатрактивен од рускиот и овозможува постигнување поголеми цени по единица производ, но дава и можност еден увозник да превземе поголемо количество вино.
Иако постојано расте извозот на вино во шишиња, сепак на литар вакво вино се извезуваат во просек 5 литри наливно. Најмногу наливно вино се извезува во земјите на ЕУ, додека во земјите членки на ЦЕФТА отпаѓа над 70% од вкупниот извоз на вино во шишиња.
Свето Николоски
