Сообраќајна несреќа меѓу локомотива и автомобил на пругата Гостивар- Тетово

18.04.2017 12:16

Со телесни повреди се здобил 20-годишен тетовец кој го управувал автомобилот. По укажана лекарска помош бил пуштен дома.

Сообраќајна несреќа меѓу локомотива и автомобил, вчера попладне се случила на железничката пруга Гостивар- Тетово, на влезот во Гостивар.

Со телесни повреди се здобил 20-годишен тетовец кој го управувал автомобилот. По укажана лекарска помош бил пуштен дома.

Непочитување на сообраќаен знак била причината за несреќата. Од СВР Тетово апелираат за претпазливост и почитување на сообраќајните знаци.