„Епл“ создава уред за мерење на шеќерот во крвта со неинвазивен метод
„Епл“ со години во тајност развивала нова технологија за мерење на шеќерот во крвта на неинвазивен начин. Тим од биомедицински инженери создал сензори кои преку контакт со кожата го следат нивото на глукозата.
Според Си-Ен-Би-Ес, компанијата „Епл“ со години во тајност развивала нова технологија за мерење на шеќерот во крвта на неинвазивен начин. Тим од биомедицински инженери создал сензори кои преку контакт со кожата го следат нивото на глукозата.
Како челник на проектот се споменува основачот и поранешниот директор на компанијата Стив Џобс кој почина во 2011 година. Новата техника со оптички сензори би се комбинирала со паметниот часовник на „Епл“ од 2015 година.
Од компанијата не дадоа коментар.
„Алфабет“ е една од компаниите кои се обидоа да создадат уред со кој ќе се избегне убодот со игла во прст. Нивото на глукоза го мери со паметни леќи и анализа на солзи.
