Заладување со пообилни врнежи од дожд
Попладне во источните делови, врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. На места се очекува да наврнат над 25 литри на метар квадратен. Ќе дува засилен ветер од јужен правец.

Под влијание на нов влажен бран утре времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, информира УХМР. Попладне во источните делови, врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. На места се очекува да наврнат над 25 литри на метар квадратен. Ќе дува засилен ветер од јужен правец.
Во четврток ќе има повремени слаби врнежи од дожд, а на планините ќе провејува снег. В петок ќе има засилен ветер, а температурата ќе се движи до 17 степени. Утринските температури за време на викендот на места ќе се спуштат под нулата.
Повторно разведрување се очекува следниот викенд.
