Турската опозиција бара поништување на референдумот
Резултатите предизвикаа протести во Истанбул, Анкара и Измир. 51,4% од народот прифати воведување на претседателски систем со кој се зголемуваат овластувањата на Ердоган.

Главната опозициска сила во Турција, Народно-републиканската партија (НРП) ќе и достави на Државната изборна комисија барање за поништување на референдумот на кој победи кампањата на претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Резултатите предизвикаа протести во Истанбул, Анкара и Измир. 51,4% од народот прифати воведување на претседателски систем со кој се зголемуваат овластувањата на Ердоган.
Честитки за победата стигнаа и од американскиот претседател Доналд Трамп. Германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел смета дека Турција не треба да си замине од НАТО, бидејќи не е добро да се изолира или да се насочи уште повеќе кон Русија.
Во меѓувреме, владата во Анкара по трет пат ја продолжи вонредната состојба за уште три месеци по ланскиот неуспешен обид за воен преврат.
