Билт: Да се прктикува демократијата

18.04.2017 13:09

Шведскиот дипломат по средбата со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, рече дека решение за сѐ во животот, па и во политиката е практикувањето демократија.

Без конкретна порака. Дојден сум овде да ги ислушам ставовите на политичките лидери. Шведскиот дипломат по средбата со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, рече дека решение за сѐ во животот, па и во политиката е практикувањето демократија.

„Вообичаено доаѓаме и слушаме, ги сумираме фактите и потоа ги формулираме политчките препораки за оние кои ги носат европските одлуки. Овде сме денеска, вечерва заминуваме за Белград, а потоа се враќаме дома. Постои голем ангажман околу Западен Балкан и прашањата за влез во ЕУ. Пристапот во ЕУ е едно од важните прашања во регионот. Важно е да се следат настаните за да можат да се формулираат препораките“, изјави Билт.

Билт ќе се сретне и со лидерите на ВМРО- ДПМНЕ, ДУИ и на БЕСА.