Поплавените семејства мора да се вратат дома
18.04.2017 13:25
Владата ги покриваше трошоците до 31-ви март, но директорот на домот им дозволи да останат и за Велигденските празници.Надлежните направија увид на состојбата со поплавените, сместени во домот.

Раселените кои настрадаа во ланските поплави во близината на Скопје, треба да го напуштат прифатниот дом „Томе Стефановски- Сениќ“, каде што беа згрижени. Но, поплавените од Сингелиќ, Стајковци и Инџиково, велат дека немаат каде да одат.
Владата ги покриваше трошоците до 31-ви март, но директорот на домот им дозволи да останат и за Велигденските празници.
Надлежните направија увид на состојбата со поплавените, сместени во домот. Се предвидува три семејства да бидат преместени во центарот „25 мај“, велат од ресорното министерство.
