Нова претстава на Љубиша Георгиевски во МНТ

10.02.2014 14:39

По неколкугодишна пауза, култниот режисер Љубиша Георгиевски се враќа на сцената во МНТ со нова претстава.  По повод  55 години од неговата работа на сцена и 77 години од животот, претставата “Аферата Елсинор”во текст и во режија на Георгиевски, својата премиера ќе ја има во среда (12.02.2014) во 20:00 часот. Структурата на претставата е тројна, публиката ќе има можност да погледне три претстави во 2 часа.

Првиот дел на претставата е според исказите, мислењата, исказите, актите, сведочењата на Клаудиј. Вториот дел е според исказите, мислењата, сведочењата на Гертруда, кралицата на Данска. Третиот дел е според изјавите сведочењата и делириумите на Офелија. Публиката треба да ги спореде сите три искази кои се форензичка анализа во вид на нарација, во вид на пиеса, заплет, расплет. - Љубиша Георгиевски

Главните улоги ќе ги играат Владо Јовановски, Ирена Ристиќ, Јордан Симонов и Ѓорѓи Јолевски. Сценогррафијата е на Мери Георгиевска, а костимографијата на Никола Ефтимов. За целата актерска екипа соработката со професорот претставува огромна чест.

Освен што ми е чест јас навистина интимно сум среќен што учествував во овој проект затоа што беше задоволство да се соработува со професорот во оваа дијамантска фаза од неговата мудрост или искуство, кое несебично го пренесе на сите нас во текот на процесот, кој беше понекогаш и многу духовен,  морам да признаам но пред се од сите аспекти,беше полезен за нас како актери, затоа што навистина имаше што да се слушне и од естетска и од филозофска, но и од политичка и пред се од искуствена природа.- Владо Јовановски

Текстот, најкратко речено претставува дијалог со Шекспир, во вид на пиеса, а публиката е онаа која ќе треба да ја доврши претставата – вели режисерот Георгиевски.

Ме знаат постарите меѓу вас дека јас ниедна престава не сум завршил.  Не дека не сум сакал, не сум можел. Публиката ја довршувала на овој или на оној начин, затоа и сега би сакал да ја повикам токму публиката да ја доврши претсавата, гледајќи ја.-  Љубиша Георгиевски

“Аферата Елсинор” претставува анализа на класичните ликови и ги содржи сите оние елементи, конфликти што постојат и во денешницата.