Во тек е сообраќајната акција „Побавно, Европо“
Следува и акцијата „24- часовен маратон за ограничување на брзината“. Овој проект пред сѐ за заштита на безбедноста во Европа, ќе се спроведува до крајот на неделава.

„Побавно Европо“- ова е сообраќајната акција, која ја спроведува полицијата во 30-тина земји од континентот, како дел од ограничувањата на брзината на возилата. Денеска треба да почне и кај нас.
Следува и акцијата „24- часовен маратон за ограничување на брзината“. Овој проект пред сѐ за заштита на безбедноста во Европа, ќе се спроведува до крајот на неделава.
Брзината ќе се мери 24 часа непрекинато со рачни радари, радари во системите на видео надзорот и уредите за мерење на брзината на возилата без обележја на полицијата – пресретнувачи.
Секој контролиран возач ќе биде алкотестиран, додека сообраќајната полиција исто така за време на запирањето на секое моторно возило кое ќе ја надмине дозволената брзина на движење, ќе му изврши контрола и на користењето на појасите за врзување како на возачот така и на патниците, на начинот на кој предвидел производителот на возилото.
Според истражувањето кое го објави Европскиот совет за безбедност на сообраќајот, зголемената брзина на движење на патиштата за само 5 отсто доведува до зголемување на бројот на сообраќајни незгоди со смртен исход за повеќе од 20 отсто.
