Грција ќе премести 20.000 бегалци во источниот дел на Егејско Море

18.04.2017 14:50

Министерството за миграциска политика изработило план, според кој, во малите градови со население до 15.000 жители ...

Грчките власти ќе преместат 20.000 бегалци од островите во источниот дел на Егејско Море. Министерството за миграциска политика изработило план, според кој, во малите градови со население до 15.000 жители и со економски проблеми ќе бидат сместени до 1.500 бегалци во живеалишта кои државата ќе ги изнајми од приватни лица.

Мигрантите ќе добиваат и купони за храна во локалните ресторани или други објекти за разни услуги.