Метео: Претежно облачно време со врнежи од дожд
18.04.2017 15:01
Пообилни врнежи се очекуваат попладне особено во источните делови. Локално ќе има и појава на грмежи.

Утре во Македонија ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд.
Пообилни врнежи се очекуваат попладне особено во источните делови. Локално ќе има и појава на грмежи.
На места може да наврне над 25 литри на метар квадратен. Во ноќните часови поради спуштање на постуден воздух од север на планините врнежите ќе бидат од снег.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
