Опозицијата во Турција бара поништување на референдумот
Адвокатската комора тврди дека користењето на гласачки ливчиња без печат е противзаконско дело. Кампањата на ердоган за воведување на претседателски систем доби поддршка од над 51% од народот. Според новиот систем, Ердоган може да владее до 2029-та година.

Главната опозициска сила воТурција, Народно- републиканската партија (НРП)барa поништување на референдумот на кој победи кампањата на претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Според набљудувачката мисија на Советот на Европа, имало 2,5 милиони сомнителни ливчиња. ОБСЕ претходно објави дека референдумот бил неправеден. Според набљудувачите, кампањата за поддршка на уставните реформи доминирала во медиумите, а апсењето на новинари и затворањето на медиумите ги замолчило оние кои мислеле поинаку.
Резултатите од референдумот во Турција предизвикаа протести во Истанбул, Анкара и Измир. 51,4% од народот прифати воведување на претседателски систем со кој се зголемуваат овластувањата на претседателот Реџеп Таип Ердоган.
„Кога им стана јасно дека ќе бидат поразени, поддржувачите на Ердоган ги сменија правилата и ги прогласија за валидни ливчињата кои немаа печат. Крадеа гласови од нас. Гласањето не е законски спроведено.“
„Револтирани сме од изборната комисија. Го прекршија Членот 98 од Законикот за избори, и тоа отворено.“
Поддржувачите на уставните измени во Ердоган гледаат силен лидер кој ќе и донесе на Турција слобода, просперитет и стабилност.
„ Шемите, притисоците од странските земји не натераа да гласаме за измените. Само ја зголемија нашата решителност.“
Честитки за победата стигнаа и од американскиот претседател Доналд Трамп. Во меѓувреме, владата во Анкара јапродолживонреднатасостојбазауштетримесеци, што е трето продолжување по неуспешниотобидзавоенпревратвојулиминататагодина.
Маја Филдишев
