Техно подиум и енергија во Скопје
Скопјани го сакаат техното. Доказ за тоа беше многубројната публика која изминатава сабота во редици чекаше за да влезе во просториите на спортскиот центар „Борис Трајковски“. А таму, вистински спектакл. Реномирани диџеи кои презентираа квалитетен електронски звук и публика полна со енергија му дадоа на Скопје урбана димензија. За првпат пред македонската публика се претставијаХрватот Петар Дундов и светски познатиот Александар Ковалски, кој со својот настап во живо направи вистинска техно експлозија.

Скопјани го сакаат техното. Доказ за тоа беше многубројната публика која изминатава сабота во редици чекаше за да влезе во просториите на спортскиот центар „Борис Трајковски“. А таму, вистински спектакл. Реномирани диџеи кои презентираа квалитетен електронски звук и публика полна со енергија му дадоа на Скопје урбана димензија. За првпат пред македонската публика се претставијаХрватот Петар Дундов и светски познатиот Александар Ковалски, кој со својот настап во живо направи вистинска техно експлозија. Освен овие двајца музичари, за петчасовното техно дрмање се погрижи и Србинот познат како Спиди, а домашна поддршка дадоа добро познатиот Горан Кан и Виктор Апостолоски. Малата сала во „Борис Трајковски“ која беше преполна, потсетуваше на порано, кога во Скопје се случуваа вистински техно забави со голема посетеност.
Германецот Александар Ковалски својата музичка кариера ја започнува во осумдесеттите, а првиот настап во живо му беше во берлинскиот култен клуб Трезор со што му се отворија вратите за многубројни изданија и настапи низ целиот свет. Настапите во живо и неговата завидувачка дискографија му обезбедија место како еден од омилените артисти меѓу критичарите кои му доделуваат разновидни музички титули,како и две номинации на „German Dance Awards“. Хрватот Петар Дундов, кој во Скопје настапуваше пред Ковалски, низ годините има настапувано на многу престижни светски фестивали и без сомнеж важи за еден од најоригиналните и најпочитувани артисти на Балканот.Србинот Спиди, кој веќе и е познат на македонската публика, се вбројува како најзаслужен за враќањето на техно сцената во Белград.
Љубителите на електронската музика во целост се задоволни од овој голем музички настан кој ги спои западноевропската и балканската електронска продукција.
Моника Јовановска
