Продолжуваат протестите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“
Од оваа иницијатива сметаат дека на граѓаните им е подметната Тиранската платформа, а според нив, овој документ води кон бинационална, а не кон мултинационална држава. Оттука и нивното барање да не се избере претседател на Собранието кој не ја отфрлил платформата.

На улиците се враќа иницијативата „За заедничка Македонија“. Продолжуваат протестите кои траат 51 ден. Се маршира во Скопје и во повеќе други градови. Од оваа иницијатива сметаат дека на граѓаните им е подметната Тиранската платформа, а според нив, овој документ води кон бинационална, а не кон мултинационална држава. Оттука и нивното барање да не се избере претседател на Собранието кој не ја отфрлил платформата.
„Црвено- жолтата линија нема да ја поминат. Пред нас имаме нова недела кога треба да го одбраниме уставот и да не дозволиме избор на претседател на Собрание кој под перница ја чува Тиранската платформа. В петок ќе соопштиме важни информации и планови за наредниот период“, велат од иницијативата „За заедничка Македонија“. Ќе протестираат сѐ до исполнување на барањата.
