Не се очекуваат промени во односите меѓу Македонија и Турција по референдумот
„Долгото чекање пред вратите на Европската унија е една од причините за позитивниот исход на референдумот, со кој турскиот претседател Ердоган доби значително поголеми овластувања“- коментираат македонски дипломати за последниот развој на настаните во оваа земја. Не се очекуваат промени во политиката кон нашата држава...

Референдумот со кој се зголемија ингеренциите на претседателот Ердоган се логичен одговор на долгогодишнта недефинираност на Европа кон барањето на Турција за влез во Унијата, смета дипломатот Ристо Никовски. Според него- политиките на Турција која е втора сила во НАТО по бројност на Армијата, ќе се рефлектираат и врз балканските земји.
Русија и Турција имаат заеднички економски интереси, поради кои и по референдумот овие земји ќе градат добри односи – смета поранешниот амбасадор Ѓорги Филипов. Тој не е оптимист дека ќе се реализира вториот референдум што го најави Ердоган и со кој граѓаните на Турција евентуално би се изјасниле против продолжување на преговорите со Унијата.
Дипломатите сметаат дека новиот политички систем во Турција нема да се рефлектира на позицијата што ја има оваа земја кон Македонија, бидејќи како што велат, Македонија и Турција имаат долга традиција на пријателски билатерални односи.
Анита Димитријевска
