Прегазено 4- годишно дете

18.04.2017 16:26

Сообраќајната несреќа се случила на улицата „Цветан Димов“ кај Јаја Паша. Од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ случајот го пријавиле в полиција...

Четири годишно дете од село Морани се бори за живот во Градската општа болница. Околу 13 часот со автомобил било прегазено од 62- годишник.

Сообраќајната несреќа се случила на улицата „Цветан Димов“ кај Јаја Паша. Од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ случајот го пријавиле в полиција и известиле дека детето било во критична состојба, без сознание и веднаш пратено на операција, информираат од МВР.

Од страна на полицијата и јавен обвинител бил извршен увид.