Полавите и земјотресите двојно ги зголемија полисите за осигурување

18.04.2017 16:33

Поплавите и земјотресите го раздвижија пазарот на осигурување. Се зголемува свеста на граѓаните. Склучени се двојно повеќе договори за заштита на имотот од природни непогоди. Сепак, сѐ уште најголем дел од овој бизнис отпаѓа на осигурувањето од автоодговорност.

Свеста за осигурување на животот и имотот расте, но сѐ уште најмногу продадени полиси има за она што мора да се осигура. Доминира задолжителното од автоодговорност, со голем подем во продажбата здравственото. По ланските поплави и земјотреси двојно поголем број договори од ризик природни непогоди. Во 2016- та друштвата исплатиле околу 600 илјади евра за штети по овој основ.

Осигурителниот сектор 2016-тата ја заврши со умерен раст, осигурителните компании склучиле речиси милион и триста илјади договори, со вкупна вредност од 140 милиони евра. Во делот на неживотното, пораст на приходите за 3,5. Во Македонија само 5,5 насто од граѓаните го имаат осигурано својот дом.

Во 2016-та својот живот го осигурале над 13 илјади и 700 граѓани, вкупната вредност на животното осигурување достигнала 21 милион евра, приходите пораснале за 17,32 проценти.

Друштвата за осигурување во 2016-та исплатиле бруто износ на штети во вредност од 3,61 милијарда денари, во споредба со 2015-та за 13,26 насто повеќе.

Сузана Фиданска- Стоевска