Британија планира избори во јуни

18.04.2017 16:48

Британскиот Парламент утре на седница треба да ја потврди одлуката на Меј, но опозициската Лабуристичка Партија и нејзиниот лидер Џереми Корбин веќе соопштија дека тие ќе гласаат за предвремени избори.

Британската премиерка Тереза Меј денеска соопшти дека на 8-ми јуни ќе се одржат предвремени парламентарни избори. Британскиот Парламент утре на седница треба да ја потврди одлуката на Меј, но опозициската Лабуристичка Партија и нејзиниот лидер Џереми Корбин веќе соопштија дека тие ќе гласаат за предвремени избори.

Меј истакна дека со ова се обидува да обезбеди „цврст мандат за владата, пред интензивирањето на преговорите со ЕУ за напуштање на Унијата“, како и за да ги зацврсти позициите на владата во британскиот Парламент.

Споре анкетите, конзервативците на Меј се во предност пред лабуристие и другите опозициски партии.