Претседавачот на Претседателството на БиХ во посета на Македонија
Денеска ќе биде остварена тет-а-тет средба на македонскиот претседател и претседавачот со босанското претседателство, како и пленарен состанок на официјалните делегации на двете држави.
Претседателот Ѓорге Иванов ќе биде домаќин на претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина, Младен Иваниќ, кој ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Македонија.
Денеска ќе биде остварена тет-а-тет средба на македонскиот претседател и претседавачот со босанското претседателство, како и пленарен состанок на официјалните делегации на двете држави.
Утре ќе се одржи бизнис форум со учество на стопанственици од Македонија и од Босна и Херцеговина, на кој обраќања ќе имаат претседателот Иванов и претседавачот со претседателството на Босна и Херцеговина, Иваниќ.
