Британскиот парламент ќе решава за предвремените парламентарни избори
Според законот, потребни се две третини од пратеничкиот состав за да бидат формално распишани изборите. Засега ниедна од партиите не се изјасни против предвременото гласање. Народот е со поделено мислење.

На денешната седница, британскиот парламент ќе решава за предлогот на премиерката Тереза Меј за предвремени парламентарни избори за 8 јуни. Меј тврди дека само избори може да обезбедат сигурност и стабилност на земјата која си замина од ЕУ.
Според законот, потребни се две третини од пратеничкиот состав за да бидат формално распишани изборите. Засега ниедна од партиите не се изјасни против предвременото гласање. Народот е со поделено мислење.
„Се шегувате, пак ќе гласаме? Искрено, не можам да го поднесам ова. Затрупани сме со политика, зошто и е потребно ова сега?“
„Не сум среќен со одлуката. Претераа.“
„Добри вести се ова зашто имаме шанса да ја избркаме.“
„Мислам дека треба да имаме избори, подготвени сме“, велат граѓаните.
Претходните избори се одржаа во 2015-та година на кои Дејвид Камерон кој ја водеше Конзервативната партија си обезбеди втор мандат. По неговата оставка по референдумот за Брегзит, Тереза Меј го наследи на чело на партијата без да мине процес на партиски избори.
Најновите анкети одат во прилог на премиерката зашто владејачките конзервативци имаат предност од над 20% во однос на лабуристите.
