Сочи 2014

Канадски двобој за злато Билодо – Кингсбери

10.02.2014 14:43

Алекс Билодо против Микаел Кингбери вечерва во слободно скијање могулс на Роза хутор екстрем паркот во Сочи. Едно од најголемите ривалства на оваа Зимска олипмијада треба да го промовира новиот или можеби старо-новиот шампион.

 Бранителот на тронот од Ванкувер 2010, Билодо ќе се обиде да ја продолжи златната олимписка низа во директен канадски судир  со неговиот голем ривал актуелниот светски првак Кингсбери. Ако двајцата скијачи го сочуваат нивото на формата, десетте други што ќе обезбедат финалиња ќе треба да ја бијат битката за бронзениот медал.

Оваа година на шесте меѓусебни двобои во Светскиот куп, Билодо-Кингсбери е нерешено 3-3, а на четири од шесте натпревари само еден поен го решавал победникот. Американското дуо Патрик Динен и Бредли Вилсон се единствените кои го пополниле подиумот во Светскиот куп оваа сезона и се најголемми конкуренти за бронза во Сочи.

Конкуренцијата треба да ја засили  олимпискиот првак од Торино 2006-та и сребрениот од Ванкувер 2010-та, Дејл Бег-Смит од Австралија, кој по пауза од три години се врати во Светскиот куп кон крајот на 2013-та. Првото од трите финалиња што ќе ги следите на собранискиот канал на МРТ е закажано за 19 часот, двете квалификациски трки тргнуваат од 15 часот.