Облачно време со врнежи од дожд
19.04.2017 10:31
Во ноќните часови кон четврток поради спуштање на студен воздух од север, на планините ќе врне снег.

Денеска под влијание на нов влажен бран, времето ќе биде облачно со врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има попладне во источните делови, каде локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи. На места се очекува да наврнат над 25 литри на метар квадратен.
Ќе дува засилен ветер од јужен правец. Во ноќните часови кон четврток поради спуштање на студен воздух од север, на планините ќе врне снег.
Утре ќе дува засилен ветер од западен, а во петок од северозападен правец. Температурите значително ќе опаднат, при што утринските за време на викендот, на места ќе се спуштат под нулата.
