Вооружен маж уби три лица во Калифорнија, а потоа ѝ се предаде на полицијата
19.04.2017 11:04
39-годишниот Кори Али Мухамед и се предал на полицијата, а пред да биде уапсен извикувал „Алах Акбар“.

Три лица загинаа, а едно беше повредено откако вооружен афроамериканец отвори оган во Фресно, Калифорнија. 39-годишниот Кори Али Мухамед и се предал на полицијата, а пред да биде уапсен извикувал „Алах Акбар“.
На својот Фејсбук профил, објавувал расистички пораки против белците и владата. Осомничен е и за минатонеделниот напад во кој беше убиен припадник на безбедносните сили пред мотел во истиот град.
