ММФ: Македонската економија годинава со раст од 3,2 проценти, следната 3,4

19.04.2017 11:13

Во документот објавен на традиционалното пролетно заседание на ММФ и Светска Банка во Вашингтон, се посочува дека растот на македонскиот БДП до 2022 ќе се движи до 3,8 насто.

Меѓународниот монетарен фонд во најновата економска прогноза предвидува дека македонската економија годинава ќе има раст од 3,2 а догодина од 3,4 проценти.

Во документот објавен на традиционалното пролетно заседание на ММФ и Светска Банка во Вашингтон, се посочува дека растот на македонскиот БДП до 2022 ќе се движи до 3,8 насто.

Највисок економски раст во регионов годинава ќе забележи Албанија со 3,7 проценти, а најнизок Бугарија и Хрватска со 2,9 проценти.

Светска банка во почетокот на април излезе со прогноза дека македонската економија годинава ќе забележи раст од 2,8 проценти, а во 2018-та од 3,3 проценти.