Американската војска пресретна два руски бомбардера над Алјаска
19.04.2017 11:54
Портпаролот на Пентагон и командант на воената морнарица, Гери Рос изјави дека авионите од типот Ф-22 на професионален и безбеден начин пресретнале руски бомбардери ТУ-95.

Американската војска пресретна два руски бомбардери во меѓународниот воздушен простор над брегот на Алјаска.
Портпаролот на Пентагон и командант на воената морнарица, Гери Рос изјави дека авионите од типот Ф-22 на професионален и безбеден начин пресретнале руски бомбардери ТУ-95.
Акцијата траела 12 минути, а веднаш потоа, авионите заминале кон источниот дел на Русија.
