Неизвесен спринт
Спринт трките во скијачкото трчање се од скоро на Олимписките зимски игри.

Прв пат беа дел од програмата во Солт Лејк Сити во 2002-та година. Со спринтот овој спорт доби нова, побрза, поинтересна димензија. Во долг временски период скијачкото трчање во некои земји беше именувано со терминот „ланглауф“ или бавно скијање. Сега оваа терминологија не важи. Своја шанса за резултатски успех добија многу поголем број натпреварувачи.Оние кои немаат сила и издржливост за трки на 30 и 50 километри, можат да се искажат на делницата од 1500 метри.Мала потврда за ова е листата на досегашните олимписки медалисти.Во Солт Лејк Сити,Торино и Ванкувер се поделени по девет медали во машка и во женска конкуренција, а сите тие завршија на градите на различни спортисти. Нема ниту еден олимпиец со два освоени медали, за разлика од другите дисциплини на скијачкото трчање. Можеби Сочи ќе биде исклучокот, со оглед на извонредните можности на Норвежанката Марит Бјерген и на Јустина Ковалчик од Полска, на Норвежанецот Петер Нортуг, имиња кои беа медалисти во Ванкувер, а ќе настапат и на оваа Олимпијада.
Поединечните спринт трки на прогарамата во Сочи се на 11 февруари.
Досегашни носители на олимписки медали во спринт:
2002 Солт Лејк Сити 2006 Торино 2010 Ванкувер
Мажи:
1.Тор-Арне Хегланд (Нор) 1.Бјорн Линд (Ш) 1.Никита Кријуков (Рус)
2.Петер Шликенрајдер(Гер) 2.Роди Дарагон(Фр) 2.Александар Панжински(Рус)
3.Кристијан Ѕорѕи (И) 3.Тобијас Фредериксон (Ш) 3.Петер Нортуг (Нор)
Жени:
1.Јулија Чепалова (Рус) 1.Чандра Крофорд (Кан) 1.Марит Бјерген (Нор)
2.Еви Захенбахер (Гер) 2.Клаудија Киндел (Гер) 2.Јустина Ковалчик(Пол)
3.Анита Моен (Нор) 3.Алиона Сидко (Рус) 3.Петра Мајдич (Сло)
