Трета жртва на протестите во Венецуела
20.04.2017 12:05
Демонстрантите бараат нови избори и ослободување на опозициските политичари.

Три лица загинаа на протестите во Венецуела против владата на претседателот Николас Мадуро. Уапсени се над 400 луѓе.
Демонстрантите бараат нови избори и ослободување на опозициските политичари. Мадуро ги обвини противниците за напад врз полицијата и голем број кражби за време на демонстрациите. Опозицијата најави дека собирите ќе продолжат.
