САД размислуваат да ја вратат Северна Кореја на листата на терористички земји

20.04.2017 12:19

Државниот секретар Рекс Тилерсон порача дека треба да се почне дијалог корејските власти, а во однос на Иран, нагласи дека продолжуваат провокациите за дестабилизирање на Блискиот Исток...

САД ги разгледуваат сите можности за вршење на притисок врз Северна Кореја поради нуклеарната програма, вклучувајќи и начин да се врати Пјонгјанг на американската листа на држави кои поддржуваат тероризам.

Државниот секретар Рекс Тилерсон порача дека треба да се почне дијалог корејските власти, а во однос на Иран, нагласи дека продолжуваат провокациите за дестабилизирање на Блискиот Исток и поткопување на интересите на САД во Сирија, Ирак и Либан.