Научна конференција „Библијата и книжевноста“ во МАНУ

20.04.2017 12:44

Целта е да се разменат мислења за блиската врска меѓу Библијата и нејзината застапеност во македонската книжевност, велат академиците.

„Библијата и книжевноста“ беа тема на денешната научна конференција која се оддржа во Македонската академија на науките и уметностите, а во организација на Балканскиот Институт за вера и култура.

Целта е да се разменат мислења за блиската врска меѓу Библијата и нејзината застапеност во македонската книжевност, велат академиците.

Според првиот човек на МАНУ, Таки Фити, многу е интересна темата особено заради тоа што тие врски меѓу книжевноста и библијата ќе бидат третирани според програмата од многу различни аспекти – историски, филозофски и аспекти врзани со теоријата на книжевноста и критиката, со историјата на уметноста, митологијата итн.

Овој собир покажува дека за вакви крупни значајни теми од чисто научен аспект може да се дискутира и во рамките на одделните национални литератури, на одделни автори и сл. Впрочем и наши автори, членови на МАНУ дале посебен придонес во афирмација на библиската традиција и врските со книжевноста, додаде Фити.

На научната конференција присуствуваа еминенти професори од Универзитетот Оксфорд .