Продолжуваат протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“
20.04.2017 13:26
Речиси два месеца демонстрантите протестираат за унитарност на земјата.

И попладнево продолжуваат протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“. Се бара отфрлање на деструктивната Тиранска платформа. Речиси два месеца демонстрантите протестираат за унитарност на земјата.
Од оваа иницијатива сметаат дека на граѓаните им е подметната Тиранската платформа, а според нив, овој документ води кон бинационална, а не кон мултинационална држава.
Од иницијативата „За заедничка Македонија“ најавија дека утре ќе соопштат важни информации и планови за наредниот период. Ќе протестираат сѐ до исполнување на барањата.
