Франција: Претседателски избори од кои зависи иднината на ЕУ

20.04.2017 13:54

Според предизборните анкети, барем четворица кандидати имаат сериозни шанси да се пласираат во вториот круг на 7-ми мај.

Французите в недела ќе гласаат на претседателски избори, кои можат да ја одредат иднината на Европската унија. Според предизборните анкети, барем четворица кандидати имаат сериозни шанси да се пласираат во вториот круг на 7-ми мај.

Двајца од нив се цврсто убедени дека Франција треба да ја реформира фундаментално Европската унија, а едниот вели дека земјата може и целосно да ја напушти ЕУ.