Нигерија: 745 жртви во епидемија на менингитис

20.04.2017 14:01

По изминатите пет месеци во земјата биле пријавени повеќе од 8.000 случаи на таа заразна болест, а 93 насто од нив биле регистрирани во пет северни држави.

Епидемијата на менингитис во Нигерија усмрти 745 луѓе. По изминатите пет месеци во земјата биле пријавени повеќе од 8.000 случаи на таа заразна болест, а 93 насто од нив биле регистрирани во пет северни држави.

Епидемијата најмногу ги погодила децата, поради што се врши обемна вакцинација.