Обука и натпревар за 3Д дизајнери
Средношколци и студенти од техничките факултети во државава, на возраст од 16 до 28 години, ќе може да добијат бесплатна обука за стекнување со меѓународен Аутодеск сертификат и натпревар во 3D и Game dizajn на настанот iNovum, што ќе се одржи од 22-ри април до 4-ти мај во „Скопје сити мол“...

За изработка на филмови, реклами, видеоигри, секаде каде што е потребна визуелизација се потребни и 3Д дизајнери. На Македонија и недостигаат околу 2.000, велат познавачите. За таа цел од 22-ри април до 4-ти мај ќе има обука и сертифицирање на овој кадар. Од 21-ви до 23-ти април ќе може да се пријават сите заинтересирани од 16 до 28 години на интернет страницата inovum.mk. Меѓународен сертификат ќе добијат 400 кандидати.
Oрганизаторот на настанот вели дека младите треба да научат какви можности нуди 3Д-то.
Ако годинава проектот биде успешно спроведен, наредната година организаторите највуваат обука и меѓународни сертификати за поголем број кандидати.
Наташа Јанчиќ
