Ново продолжение на конститутивната седница
ВМРО-ДПМНЕ не отстапува- бара одговори за албанската платформа. Социјал- демократите се воздржуваат од реплики. Пратениците албанци тврдат дека декларацијата не ги загрозува државните интереси. 15-то продолжение на конститутивната седница. Има уште над 40 пријавени за збор.

Не е демократија ако се прават отстапки од сопствените национални интереси, кои самите ако не ги почитуваме, вредноста и кај останатите станува ниск- сметаат пратениците од Коалицијата предводена од ВМРО- ДПМНЕ. Од собраниската говорница, рекоа дека свесно се игнорира вољата на гласачите, а државата преку Тиранската платформа се турка во федерализација.
Од ВМРО- ДПМНЕ забележуваат дека Социјал- демократите молчат за тоа што прифатиле од платформата за добивање на потписите за парламентарно мнозинство.
Пратениците од албанскиот блок пак остануваат на ставот дека Тиранската платформа придонесува за стабилноста на државата.
Социјал- демократите без реплики само со процедурални забелешки дека не се дискутирало за точката на дневен ред односно за изборот на членови на Комисијата за избори и именувања.
За дискусија по третата точка на конститутивната седница се пријавени уште 40-тина пратеници.
Миле Ристески
