Граѓанскиот марш за Алепо поминува во Македонија
21.04.2017 10:46
Досега повеќе од 3 илјади луѓе учествуваа во маршот на различни настани што се случија по должината на рутата, правејќи го првото големо европско солидарно движење за сиријските граѓани.

Учесниците од граѓанскиот марш за Алепо ја преминаа Српско-македонската граница. Маршот за мир за Сирија досега помина повеќе од илјада и 600 километри пеш низ повеќе европски земји.
Досега повеќе од 3 илјади луѓе учествуваа во маршот на различни настани што се случија по должината на рутата, правејќи го првото големо европско солидарно движење за сиријските граѓани.
Граѓанскиот марш за Алепо почна лани на 26-ти декември од Берлин. Маршот се очекува да пристигне во Сирија на крајот на летото.
