Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ продолжува со протести

21.04.2017 11:54

Од иницијативата „За заедничка Македонија“ најавија дека денеска ќе ги соопштат плановите за наредниот период.

Продолжуваат протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“. Се маршира во Скопје и во другите градови. Од оваа иницијатива сметаат дека на граѓаните им е подметната Тиранската платформа, и според нив, документот води кон бинационална, а не кон мултинационална држава.

Од иницијативата „За заедничка Македонија“ најавија дека денеска ќе ги соопштат плановите за наредниот период.

„Петок, 21-ви април е денот кога ќе го соопштиме нашиот план и нашите барања. Тоа е гласот на стотици илјади граѓани кои не поддржуваат во нашата борба. Сите заедно и масовно како досега во еден глас да порачаме дека одиме до крај во нашата цел за зачувување на Македонија. Петок е денот!“, порачуваат од граѓанската иницијатива.