Локализиран пожарот кај „Здравко Цветковски“
21.04.2017 14:00
Спречено е ширење на пожарот на останатите бараки. Нема повредени лица и пожарникари...

Локализиран е пожарот што ги зафати напуштените бараки кај средното училиште „Здравко Цветковски“. Нема повредени лица и не постои опасност тој да се прошири, потврди командантот на бригадата за противпожарна заштита, Звонко Томески.
Интервенирале 30 пожарникари, а во гаснењето на пожарот помогнале и екипи на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“.
Со пожарот беа зафатени три напуштени бараки кои се наоѓаат во близина на булеварот „Партизански одреди“ во скопската населба Карпош.
