Познати полуфиналните двојки во Лига Европа
21.04.2017 14:11
Ждрепката одлучи во полуфиналето да играат: Ајакс (Холандија) – Олимпик Лион (Франција) и Селта Виго (Шпанија) – Манчестер Јунајтед (Англија).

Во Нион по ждрепката на двојките за Лигата на шампионите, попладнево беа извлечени и паровите за полуфиналната фаза во второто по квалитет континентално клупско фудбалско првенство – Лига Европа.
Ждрепката одлучи во полуфиналето да играат: Ајакс (Холандија) – Олимпик Лион (Франција) и Селта Виго (Шпанија) – Манчестер Јунајтед (Англија).
Првите натпревари се закажани за 4 мај, реваншите се седум дена подоцна.
Финалето ќе се игра во Стокхолм на 24 мај.
