Потребни се геолошки истражувања

21.04.2017 16:25

Отворањето нови рудници е неопходност, со концесиите се полни државната каса. Дебата во стопанската комора. Затворен рудник е поопасен за човековата околина, отколку капацитет кој работи и има еколошка студија, посочуваат експертите.

Детални геолошки истражувања за утврдување, дали и колку рудно богатство е потребно, законите се строги, простор за паника нема, концесија за отворање рудник се издава откако ќе се утврди исплатливоста, еколошкото влијание и технологијата што ќе се користи- апелира експертската фела во рударството. На Македонија ѝ е потребно одржливото експлоатирање на минералните суровини.

Затворени рудници имаат поголемо негативно еколошко влијание, отколку активните подложни на постојан мониторинг. Пред да бидат завршени геолошките истражувања и да се изработи студијата за оценка врз животната средина, да не се шират паушални информации- предупредуваат надлежните

Во последните четири децении, во Македонија не е отворен рудник за металски суровини, законската регулатива е построга и од Европската Унија, добивањето концесија за експлоатација е проследено со опширна документација- став на Асоцијацијата за рударство.

Македонија има перспектива, потребата од минерални суровини расте, во Европа се произведуваат околу седум проценти бакар и шест проценти од златото. Да не се упатува лош сигнал до инвеститорите, заинтересирани да вложуваат во рударството-апелира стручната јавност.

Во рударскиот сектор работат 13 илјади луѓе, 78 насто од концесиите се слеваат во државната каса.

 

Сузана Фиданска- Стоевска