Објавен првиот ИПАРД 2 оглас

24.04.2017 10:14

Денеска е објавен е првиот ИПАРД 2 оглас. Мерките остануваат исти како и во првата програма, но со зголемено кофинансирање и до 70 проценти. Можно е да се воведе и нова мерка за инвестиции во руралната инфра структура.

Наместо досегашните 50 односно 55 проценти, стапката на кофинансирање во првата мерка, инвестиции во земјоделски стопанства, може да достигне и до 70 отсто во подрачјата со ограничени можности. Ново е исто така и воведувањето на житните култури како прифатлив сектор за инвестирање и инвестирањето во обновливи извори на енергија. Дел од нив за сопствено користење на енергијата, а дел за продажба.

ИПАРД 2 програмата има на располагање околу 60 милиони евра Европски пари на кои се додаваат и 25 проценти средства од македонскиот буџет.

Се планира да се овозможи и поддршка на инвестициите во рурална инфраструктура, а корисници на средства ќе бидат општините.

Мерката е воведена во програмата, меѓутоа процесот на акредитација сеуште трае, а по завршувањето на постапката, ќе има јавен повик на кој ќе треба да аплицираат локалните власти.

Огласот ќе трае 45 дена, а на него ќе може да учествуваат заинтересираните земјоделци, задруги и компании.

 

Методија Трајков